• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Поради коронавирусот се откажува натпреварот за најдобро младо вино произведено во домашни услови

Поради коронавирусот се откажува натпреварот за најдобро младо вино произведено во домашни услови
Кавадарци, 12 ноември 2020 (МИА) - Дегустација, оценување и награди за млади вина од домашни производители за денот на „Beaujolais nouveau“ за 2020 година се откажува поради пандемијата од Ковид-19, информираат од Здружението на македонски винари.
- За жал ваквите одлуки се тешки,  но неопходни,  со цел да се вклучиме во борбата против ширењето на Ковид-19. Цврсто веруваме дека наредната година ќе ни донесе подобрување во сите сегменти на нашиот живот, а дотогаш на сите винари и љубители на доброто вино кои со нетрпение го чекаа овој настан, им посакуваме пред сѐ добро здравје и секое добро, нагласија од Здружението.
Оттаму препорачаа да се консумира одговорно, за добро здравје и подобри времиња.свд/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан