• среда, 20 ноември 2024

Поради климатските промени, дабарите започнале да го топат вечниот мраз на Арктикот

Поради климатските промени, дабарите започнале да го топат вечниот мраз на Арктикот
Вашингтон, 30 јуни 2020 (МИА) - Научниците се загрижени од зголемената популација на дабари на Аљаска и на други места во Арктикот. Биолозите и климатолозите ја набљудуваaт интересната заемна поврзаност меѓу зголемената популација на тие гризачи и зголемените температури и топењето на вечниот мраз. Во изданието „Енвајронментал рисрс летерс“ е поднесен научен извештај во кој се говори дека Аљаска и полуостровот Балдвин станале подобни за престој на дабарите и во некои делови самите животни „ги топат сантите лед на вечниот мраз“, јави известувачот на МИА од Вашингтон. Климатолозите забележале дека со тоа што градат брани, дабарите предизвикале формирање големи езера чија општа површина се зголемила за 8.3 проценти во тек на 17 години. Гризачите се населуваат во котлините на стари пресушени езера и таму ги градат своите брани. Езерата се полнат со води и бројот на такви брани расте експоненцијално. Научниците укажуваат дека формирањето топли езера го забрзува топењето на вечниот мраз кој се наоѓа под дното на поранешните пресушени котлини. Се смета дека дабарите поттикнуваат такви процеси не само на Аљаска, туку и во Канада и Евроазија. Истражувачите истакнуваат дека со намалувањето на вечниот мраз, арктичките области брзо ќе пресушат. И тогаш северните арктички области можат да бидат изложени на катастрофални моќни пожари распространети на огромни површини. кб/

Остани поврзан