• недела, 24 ноември 2024

Поради изборите 24 април и 8 мај ќе бидат неработни денови и нема да се одработуваат

Поради изборите 24 април и 8 мај ќе бидат неработни денови и нема да се одработуваат

Скопје, 16 април 2024 (МИА) - Владата денеска во рамки на 16. седница донесе одлука 24 април (среда) и 8 мај (среда) да бидат неработни денови заради непречено спроведување на изборите за претседател и за пратеници. 

Како што се наведува во соопштението од седницата на Владата, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и овие два неработни дена нема да се одработуваат.

Денешната владина одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија. ев/са/

Фото: МИА 

Остани поврзан