• сабота, 31 август 2024

Поради голем интерес ќе се одржи втора изведба на концертот „Балетски бисери“

Поради голем интерес ќе се одржи втора изведба на концертот „Балетски бисери“
Скопје, 5 февруари 2021 (МИА)- Поради голем интерес на публиката ќе се одржи втора изведба на балетот насловен „Балетски бисери“ во Национална опера и балет. Оттаму информираат дека балетскиот концерт ги опфаќа најубавите балетски дела „Бајадера“, „Рајмонда“, „Силфида“ итн. Настапуваат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. -Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести, стои во соопштението. свс/бак/

Остани поврзан