• недела, 24 ноември 2024

Поради високата инфлација во Аргентина замрзнати цените на повеќе од 1.400 артикли

Поради високата инфлација во Аргентина замрзнати цените на повеќе од 1.400 артикли
Буенос Аирес, 20 октомври 2021 (МИА) - Владата на Аргентина поради релативно високата инфлација ги замрзна цените на повеќе од 1.400 артикли, главно храна и производи за хигиена. На компаниите не им е дозволено да ги зголемат цените во следните 90 дена, изјави аргентинскиот државен секретар за трговија Роберто Фелети. Претходно, левичарската Влада на претседателот Алберто Фернандез ги прекина преговорите со здружението на прехранбената индустрија без да постигне договор. Стапката на инфлација во Аргентина е над 50 проценти, што е една од највисоките во светот. Аргентина некогаш богатата земја, е во тешка економска и финансиска криза, поради пренатрупан државен апарат, ниска продуктивност во индустријата и голема сива економија. Вредноста на пезосот продолжува да се намалува, а растат долговите. ми/

Остани поврзан