• четврток, 26 декември 2024

Поради асфалтирање утре целосно затворен за сообраќај дел од булеварот „Никола Карев“

Поради асфалтирање утре целосно затворен за сообраќај дел од булеварот „Никола Карев“
Скопје, 15 мај 2020 (МИА) - Поради извршување градежни работи, утре, во периодот од 8:00 до 24:00 часот, целосно за сообраќај ќе биде затворен булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска), на потегот од крстосницата со улица „Самоилова“ (Амбасадата на САД) до влезот во касарната Илинден, информира Град Скопје. -Сообраќајницата ќе биде затворена заради асфалтирање на коловозот, што се реализира во рамки на проектот за изградба на булеварот „Никола Карев“, посочуваат од Град Скопје.ир/вј/

Остани поврзан