• недела, 24 ноември 2024

Поп Ацев и Костадиновска победници на Националното првенство во далечинско пливање

Поп Ацев и Костадиновска победници на Националното првенство во далечинско пливање
Скопје, 30 март 2021 (МИА) – Пливачите на Вардар 2018, Евгениј Поп Ацев и Јана Костадиновска од клубот Нептун се победници на Летното Национално првенство во далечинско пливање одржано во текот на вчерашниот ден во Скопје. Се пливаа две делници, на 5 и на 2,5 километри. На помалата делници учествуваа пливачи родени 2006-2008 година. Во оваа категорија најбрзи беа Михаил Велков од Нептун и Сара Јанковиќ од Скопје. На првенството учествуваа 29 пливачи од шест клубови. Следен натпревар во календарот на Националната пливачка федерација е Меѓународниот пливачки митинг „Гран при Македонија опен“ на 17-18 април. зс/

Остани поврзан