• среда, 27 ноември 2024

Поп Арсова го освои 28 место на маратонот во Јуџин

Поп Арсова го освои 28 место на маратонот во Јуџин
Jуџин, 18 јули 2022 (МИА) - Нашата маратонка Адријана Поп Арсова го освои 28-то место во женската маратонска трка на Светското атлетско првенство во Јуџин, САД. Поп Арсова оствари резултат од 2 часа 41 минута и 20 секунди, со што не успеа да го собори македонскиот рекорд од 2 часа 35 минути и 29 секунди кој е во нејзина сопственост. На првенството, на кое учествуваа 40 маратонки од целиот свет, првото место го освои Готитом Гебресласе од Етиопија со нов рекорд од 2 часа 18 минути и 11 секунди. Второто место ѝ припадна на Џудит Џептум Корир од Кенија, додека, бронзата ја освои Лона Кемтаи Салетер од Израел. ар/бак/

Остани поврзан