• среда, 25 декември 2024

Попов: УМС подготвува програма за младите луѓе

Попов: УМС подготвува програма за младите луѓе

18 јули 2023

Започнавме со нашиот караван за собирање на идеи и предлози за пишување на младинска програма насловена Иднина за сите во Македонија, рече претседателот на УМС Сергеј Попов од Битола на средба со средношколците.

Попов потенцираше дека држава која не вложува во младите не може да се смета за сериозна држава.

Држава кој не вложува во својата иднина односно во средношколците за да ги дообучува и да ги насочи во правилна насока, таа држава не може да се нарече дека е сериозна, рече тој.

Попов истакна дека на 22 и 23 јули во МОБ ќе се одржи саем за млади и ги повика сите млади луѓе да се приклучат на кампањата на УМС, Иднина за сите се со цел да се донесе програма за младите која што ќе биде поблиска до нив.

Јас ја користам оваа прилика да ги повикам сите заинтересирани млади луѓе, средношколците и студентите, спортисти, млади лекари, млади културни работници, да се приклучат на оваа кампања која ја води УМС, Иднина за сите во Македонија и на 22 и 23 јули во МОБ да дојдат на саемот на млади во организација на УМС. И таму идеите кои ќе бидат изложени од нас како УМС, заедно со вас како млади луѓе ќе имаме прилика да ги надградиме, но и да размениме искуства се со цел таа програма да ја направи што поблиска до младите луѓе, порача Попов.

Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан