Попов: Субвенциониран студентски оброк ќе добијат и пост дипломците и студентите на приватните факултети
- СООПШТЕНИЕ - Без селективност, за разлика од претходниот закон, - субвенциониран студентски оброк, како додипломците, ќе добијат и пост дипломците, како и студентите на приватните факултети. Првпат, студентските претставници се ценат, а не се злоупотребуваат.

2 април 2025
Почитувани,
Студентите и учениците остануваат помеѓу главните приоритети.
Собранието кончено овозможи зголемена финансиска поддршка од државниот буџет, директно во рацете на студентите. Овој пат, без селективност, за секој студент.
Задоволство ми е да ви соопштам дека Законот за субвенциониран студентски оброк вчеравечер ги сите собраниски филтер со консензус.
Без селективност, за разлика од претходниот закон, - субвенциониран студентски оброк, како додипломците, ќе добијат и пост дипломците, како и студентите на приватните факултети. Првпат, студентските претставници се ценат, а не се злоупотребуваат.
Како еден од најмладите пратеници, чест ми е и да потсетам дека во државниот буџет за годинава, има за 18% повеќе финансиски средства наменети за унапредување на студентскиот стандард, во споредба со 2024-та. Вкупно 30 милиони евра.
Почитувани, ова не се празни зборови, туку видливи и опипливи дела.
Ова е само мал дел од напорите да го запреме одлевањето на кадри, односно да создадеме пристојни услови за живот за секој млад човек.
Спроведуваме и серија други мерки, како реконструкција на сите студентски домови. Активни мерки за вработување на млади, за што се одвоени над 2,3 милиони евра.
Пари за поддршка на студенти преку набавка на електронски уреди, како и финансиска поддршка за основање на бизниси.
Преку многубројни директни, но и индиректни мерки, правиме големи чекори напред кон поголем квалитет на живот за секој еден.
Ви благодарам.
фото:МИА архива
________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.