• недела, 28 јули 2024

Попов: Дали станува збор за локално или централно ниво СДСМ е најдобриот избор на граѓаните

Попов: Дали станува збор за локално или централно ниво СДСМ е најдобриот избор на граѓаните
Скопје, 12 јуни 2021 Во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија сакам да изразам благодарност до граѓаните на Скопје за поддршката и масовната посетеност на вчерашната прва граѓанска трибина „Најдоброто за нашата општина“. Им благодариме на скопјани и скопјанки за прекрасната, силна енергија на вчерашната граѓанска  трибина, тоа за нас е мотив да продолжиме уште посилно. Масовната посетеност е показател дека граѓаните силно го поддржуваат концептот кој води напред, концептот кој обединува, концептот кој носи подобри услови за живот на граѓаните на Скопје но и ширум земјава. За тоа говорат над 7.000 проекти кои во изминатите 4 години се реализирани на локално и централно ниво ширум општините и градот Скопје. Затоа Најдоброто за нашата општина е препознатлив печат на СДСМ! Најдоброто, затоа што СДСМ има најдобри проекти, најдобра понуда, најдобар концепт, најдобра визија и најдобар степен на реализација. За нас зборот е збор. Дали станува збор за локално или централно ниво СДСМ е најдобриот избор на граѓаните. Од другата страна гледаме што се случува со ВМРО-ДПМНЕ, освен блокади, деструкција, одбрана на криминалци и лажни вести нема ништо друго. Дури и така наречените протести со 7-8 луѓе по улиците им издишаа. Граѓаните им покажаа дека не сакаат блокади, не даваат поддршка на деструкцијата. Додека ВМРО-ДПМНЕ тоне, СДСМ продолжува заедно со граѓаните. Граѓанските трибини ќе продолжат и во други градови, в понеделник сме со граѓаните на Прилеп а паралелно се одржуваат маалските и урбани средби ширум земјава. СДСМ е во секое маало, секое населено место, секој град и општина, за да ги чуеме граѓаните а нивните предлози да ги преточиме во реални, конкретни проекти за следните изборни програми. Прес-конференција, Мартин Попов, организационен секретар на СДСМ СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

_________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан