• четврток, 19 декември 2024

Попов: ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесе амандмани во Предлог ребаланс на буџетот

Попов: ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесе амандмани во Предлог ребаланс на буџетот
Скопје, 11 јуни 2022

Вчера пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани во Предлог Ребаланс на Буџетот во Собранието на Република Македонија за обезбедување на средства од буџетот во висина од 25,6 милиони денари за изработка на проектната документација на проектот  „Студентски град“ и дополнителни 25,6 милиони денари за започнување на мерката субвенциониран средношколски оброк.

Тука од пред штабот на СДСМ ги повикувам СДММ да извршат притисок врз пратеничката група на СДСМ и да ја поддржат оваа иницијатива бидејќи гледаме во последниот период како поддржуваат слични вакви иницијативи.

Ви подаваме рака да ги надминете дневно-политичките пресметки после 5 години конечно да почнете со исполнување на ова ветување.

Покажете  дека искрено се залагате за подигнување на студентскиот стандард и сте лојални на младите, а не на партиските наредби.

Сергеј Попов, претседател на Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан