• четврток, 19 декември 2024

Попович е третиот тренер во историјата на НБА-лигата со 1.300 победи

Попович е третиот тренер во историјата на НБА-лигата со 1.300 победи
Сан Антонио, 28 март 2021 (МИА) – Предводникот на Сан Антонио, Грег Попович е третиот тренер во историјата на НБА-лигата, кој освоил 1.300 победи во регуларниот дел од сезоната во текот на својата кариера. Попович до ова достигнување дојде ноќеска по победата на Спарс над Чикаго со 120:104. Лидер по бројот на победи во регуларниот дел од шампионатот е поранешниот ментор на 72-годишниот Попович, Дон Нелсон (1.335). Лени Вилкенс (1.332) е на второто место во оваа статистичка категорија. зс/

Остани поврзан