• среда, 18 декември 2024

Попова тврди дека Русија развила „имунитет на стадо“

Попова тврди дека Русија развила „имунитет на стадо“
Москва, 15 јануари 2021 (МИА) - Русија разви „имунитет на стадо“ против Ковид-19 и покрај релативно ниската стапка на инфекција во споредба со другите земји, изјави денеска шефицата на Руската федерална служба за надзор на заштитата на правата на потрошувачите и благосостојбата на луѓето Ана Попова. - Нашата економија функционира, сите индустрии функционираат, научивме да работиме и развивме имунитет на стадо и покрај релативно ниската стапка на инфекција во споредба со другите, рече Попова за време на сесијата со водечките епидемиолози и вирусолози, пренесува ТАСС. Таа рече дека Русија во моментов е на 60. место во светот според бројот на заразени на 100.000 жители. ссм/

Остани поврзан