• сабота, 31 август 2024

Попладнево избувнал голем пожар во близина на индустриската зона во Василево, спасени се индустриски објекти

Попладнево избувнал голем пожар во близина на индустриската зона во Василево, спасени се индустриски објекти

Струмица, 23 август 2024 (МИА)-Попладнево околу 16:30 часот избувнал голем пожар во близина на индустриската зона на Општина Василево, кој ги загрозил производствените погони, информираа вечерва од ТППЕ Струмица.

Според пожарникарите, огнот со голема брзина дошол до самите објекти и постоела голема опасност да ги зафати, посебно погонот за производство на био дизел.

-ТППЕ Струмица со четири против пожарни возила и 13 пожарникари-спасители веднаш интервенираше на местото и набргу потоа успеа пожарот да го стави под контрола и целосно да го ликвидира, стои во информацијата на струмичката против пожарна единица.

Додаваат дека екипи од пожарникари-спасители остануваат на локацијата за евентуалнио догасување на некои жаришта. рт/вг/


Фото: ТППЕ Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан