• вторник, 12 ноември 2024

Поплави и одрони во Црноморскиот регион во Турција, едно лице загина

Поплави и одрони во Црноморскиот регион во Турција, едно лице загина

Анкара, 10 јули 2023 (МИА) - Обилните врнежи од дожд во регионот на Црното Море во Турција предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а едно лице загина во северната турска провинција Самсун, изјави денеска министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу.

-Неколку патишта беа затворени поради лизгање на земјиштето, додаде тој.

Во провинцијата Болу е затрупан излезот од тунелот. На снимка се гледаат багери кои се обидуваат да го исчистат патот. Метеоролошката служба предупреди и на ново невреме во Црноморскиот регион.

Црноморскиот регион е постојано изложен на големи поплави.

Турскиот претседател РеџепТаип Ердоган денеска изјави дека екстремните временски услови се последица на климатската криза.

-За жал, како и остатокот од светот, нашата земја се повеќе ги чувствува проблемите предизвикани од климатските промени, рече Ердоган во Истанбул. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан