• среда, 27 ноември 2024

Поплави во Хрватска: Тешка состојба во Карловац, Бродарици и Борлин

Поплави во Хрватска: Тешка состојба во Карловац, Бродарици и Борлин

Загреб, 6 октомври 2024 (МИА) - Градоначалникот на хрватскиот град Карловац, Дамир Мандиќ, денеска изјави дека од поплавите вода влегла во 25 семејни куќи, а многу дворови и деловни објекти претрпеле штета. Најтешка е состојбата во Бродарици и Борлин, како и на левиот брег на реката Купа.

Иако штетата е значајна, Мандиќ рече дека не се очекува прогласување на елементарна непогода, пренесува порталот Индекс.

- Штетата ќе ја процениме утре, но веќе сега знаеме дека не е толку голема како претходните години, изјави Мандиќ.

Тој нагласи дека водостојот паднал, граѓаните добиле сушачи за простории, а утре ќе се санира теренот. - Верувам дека до понеделник ќе имаме нормални услови за живот, истакна Мандиќ. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан