• вторник, 24 декември 2024

Поплави во Рим по кратка но силна бура

Поплави во Рим по кратка но силна бура

Рим, 4 септември 2024 (МИА) - Бура предизвика поплави во Рим, известува АНСА, повикувајќи се на локалните власти.

Моќната бура, иако кратка, вчера ја зафати не само италијанската престолнина, туку и други области во централниот и јужниот дел на земјата, по долг период на топлотен бран.

Во Рим за помалку од еден час паднаа 60 литри дожд на квадратен метар, што е еквивалентно на количината на врнежи за еден есенски месец.

Многу делови од градот беа поплавени, а дрвја беа урнати од силниот ветер. Улиците и подвозниците се претворија во реки, а инвентарот од рестораните, односно масите и столовите од надворешните тераси беа однесени.

Прогнозата за следните денови е продолжување на грмотевичните бури и топло време со температури до 32 степени Целзиусови во Рим.

За денеска е издадено предупредување за бури во поголемиот дел од Северна Италија.ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан