• недела, 24 ноември 2024

Поплави во Виетнам, има и жртви

Поплави во Виетнам, има и жртви
Ханој, 18 октомври 2020 (МИА) – Виетнам го погодија невидени поплави, а 22 војници се водат како исчезнати во провинцијата Кванг Три, каде дошло до големо свлечиште, објави Владата во Ханој. Обилните дождови што паѓаат од почетокот на октомври предизвикаа поплави и предизвикаа бројни одрони, а најмалку 64 лица загинаа само во централниот дел на Виетнам. Во соседната провинција Туа Тиен Хуе, свлечиште затрупа воените касарни на 4-та воена област и при што загинаа 13 лица, главно војници. Виетнамската метеоролошка служба најави дека до среда ќе има обилни врнежи од дожд над 600 милиметри. јт/

Тагови

Остани поврзан