• вторник, 24 декември 2024

Поплавен Драмски театар - Скопје, министерот Љутков изврши увид

Поплавен Драмски театар - Скопје, министерот Љутков изврши увид

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - По силното невреме кое попладнево го зафати Скопје и околината, поплавен е Драмскиот театар во Скопје. Министерствито за култура и туризам на Фејсбук објави дека министерот Зоран Љутков вечерва изврши увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот.

- Денес бев во Драмски театар на увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот. Ако во 2017 година Владата на СДСМ го реализираше проектот за изградба на нов современ објект на Драмски, како што претходно се планираше, денеска немаше да бидеме сведоци на овој потоп. Седумгодишната негрижа за Драмскиот театар не само што стана видлива, туку денеска дождот го онеспособи да биде храм на уметноста. На сцената главната улога од денеска наместо актерите ја имаат кофите, напиша Љутков на својот ФБ.

Оваа Влада, како што наведува, нема да дозволи да продолжи понижувањето на уметниците и целосно ќе се вложи на создавањето на достоинствени услови за креативна работа на уметниците.

На фотографиите и видеото, што ги објави Љутков, се гледа уништен ентериер, поплавени ѕидови, подови, кофи кои ја собираат водата,... мд/са/

Фото: Зоран Љутков

 

Остани поврзан