• недела, 24 ноември 2024

Попишани вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови

Попишани вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови
Скопје, 25 септември 2021 (МИА) – Вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Денеска е 21-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште пет дена пописни активности. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември. аа/са/

Остани поврзан