• четврток, 26 декември 2024

Попис 2021: Над една третина од граѓаните најчесто користат автомобил, секој петти оди пеш, а велосипед само 2,3 проценти

Попис 2021: Над една третина од граѓаните најчесто користат автомобил, секој петти оди пеш, а велосипед само 2,3 проценти
Скопје, 10 јуни 2022 (МИА) – Автомобилот е најчесто превозно средство кое се користи во нашата земја. Над 35 проценти од вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе до работа или училиште користи автомобил. Пеш оди секој петти, додека градски автобус користат седум проценти и 2,6 проценти меѓуградски автобус, а велосипед само 2,3 проценти. Со воз до работа или училиште патуваат само 0,06 проценти или вкупно 341 лице. Над осум проценти до работа или училиште користат организиран превоз и исто толку, рекле дека користат повеќе од едно превозно средство. Над 10 илјади граѓани или 1,65 проценти рекле дека не патуваат до работа или училиште. Мажите најчесто до работа или училиште возат автомобил, и тоа над 40 проценти, потоа околу 17 проценти рекле дека одат пеш, а со градски автобус само 4,4 проценти и 2,1 проценти со меѓуградски автобус. Велосипед користат 2,6 проценти, мотоцикл 0,77 проценти, а воз 0,08 проценти. Жените најчесто до работа или училиште одат пеш, и тоа над 27 проценти, потоа околу 19 проценти возат автомобил, 10,8 проценти користат градски автобус и 3,34 проценти меѓуградски автобус. Велосипед користат 1,86 проценти, мотоцикл 0,15 проценти, а воз 0,03 проценти. Ова го покажуваат податоците за вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе според пол и видот на превозното средство кое најчесто го користи до работа или училиште, објавен со третиот сет податоци од Пописот 2021 година. Автомобилот омилено превозно средство во Скопје, околу четири проценти користат велосипед Во Скопје над 42 проценти најчесто до работа или училиште одат со автомобил (38,4 најчесто како возач и 4,1 најчесто како совозач). На второ и трето место како најчесто превозно средство се автобус и пеш – по 13 проценти, додека околу четири проценти најчесто патуваат со велосипед. Над 10 проценти користат повеќе од едно превозно средство, што значи дел од патувањето е со автобус или автомобил, а дел пеш или некое друго превозно средство. Речиси половина од мажите во Скопје најчесто до работа или училиште патуваат со автомобил, за разлика од 34 проценти од жените. Речиси 20 проценти од жените во Скопје најчесто патуваат со автобус, за разлика од осум проценти од мажите. Пеш патуваат над 16 проценти од жените и над 10 проценти од мажите. Од скопските општини пеш најчесто до работа или училиште одат во Центар – 31 процент (36 проценти од жените) и Чаир – 24 проценти (26 проценти од жените), додека најретко пеш одат во Бутел – 8 проценти и Ѓорче Петров – 7 проценти (5 проценти од мажите). Со велосипед до работа или училиште најчесто одат во Аеродром и Карпош – по 6 проценти, а најмалку во Сарај и Шуто Оризари по еден процент. Градски автобус најчесто користат во Шуто Оризари – 26 проценти, Ѓорче Петров – 20 проценти и Гази Баба – 19 проценти, а најмалку во Центар – 4 проценти и Карпош – 8 проценти. Во Аеродром 17 проценти од жените најчесто користат градски автобус, а тоа го прават само пет проценти од мажите. Над половина од мажите во општина Аеродром најчесто користат автомобил, и тоа како возач, 8 процени одат пеш, шест проценти со велосипед и само пет проценти со автобус. Автомобил најчесто користат и жените во општина Аеродром - 31 процент како возач и седум проценти како сопатник. На второ место е автобусот – 17 проценти, потоа пеш – 14 проценти и пет проценти со велосипед. Во Бутел над 28 проценти од жените и 11 проценти од мажите најчесто користат градски автобус. Околу 55 проценти од мажите во општина Бутел најчесто користат автомобил, потоа 11 проценти користат градски автобус, седум проценти одат пеш и три проценти со велосипед. Над 30 проценти од жените во општина Бутел најчесто користат автомобил (како возач) и осум проценти најчесто како совозач, 28 проценти користат градски автобус, 10 проценти најчесто одат пеш и само еден процент користат велосипед. Во Гази Баба над 30 проценти од жените и 10 отсто од мажите најчесто користат градски автобус. Над половина од мажите во општина Гази Баба најчесто најчесто користат автомобил, 10 проценти градски автобус, шест проценти одат пеш и три проценти возат велосипед. Жените во општина Гази Баба најчесто до работа патуваат со градски автобус – 30 проценти, потоа со автомобил – 26 проценти, 11 проценти најчесто одат пеш и само еден процент најчесто користат велосипед. Во Ѓорче Петров мажите најчесто користат автомобил, а жените градски автобус. Над половина од мажите во општина Ѓорче Петров најчесто користат автомобил, потоа 12 проценти патуваат со градски автобус, пет проценти пеш, а четири проценти најчесто користат велосипед. Меѓу жените во општина Ѓорче Петров, најголемиот дел или над 30 проценти користат градски автобус, потоа 28 проценти автомобил, осум проценти пеш и три проценти велосипед. Во Карпош над 16 проценти од жените и девет проценти од мажите најчесто до работа одат пеш. Околу 48 проценти од мажите во општина Карпош најчесто користат автомобил (како возач), девет проценти одат пеш, седум проценти возат велосипед и четири проценти патуваат со градски автобус. Над една третина од жените во општина Карпош најчесто користат автомобил (како возач), 16 проценти одат пеш, 11 проценти патуваат со градски автобус и пет проценти со велосипед. Една петтина од жените во Кисела Вода најчесто користат градски автобус, а осум проценти од мажите. Околу 52 проценти од мажите во општина Кисела Вода најчесто до работа користат автомобил, пеш или со градски автобус одат по осум проценти, а со велосипед најчесто четири проценти. Над две третини од жените во општина Кисела Вода најчесто до работа одат со автомобил и тоа 28 проценти како возач, а седум како совозач. Над 21 процент одат со градски автобус, 15 проценти најчесто пеш и три проценти со велосипед. Над половина од мажите и една третина од жените во општина Сарај најчесто користат автомобил. Над половина од мажите во Сарај најчесто користат автомобил, 16 проценти градски автобус, 10 проценти пеш и само еден процент со велосипед. Една третина од жените во општина Сарај најчесто користат автомобил (како возач) и девет проценти најчесто како совозач. Над 26 отсто најчесто патуваат со градски автобус и 13 проценти пеш. Над 36 проценти од жените и 24 проценти од мажите во Центар најчесто на работа одат пеш. Над 37 проценти од мажите во Општина Центар најчесто користат автомобил, 24 проценти одат пеш и само два проценти користат градски автобус. Над 36 проценти од жените во Општина Центар најчесто одат пеш до работа или училиште, 24 проценти користат автомобил, пет проценти градски автобус и четири проценти велосипед. Околу 26 проценти од жените и 22 проценти од мажите во Чаир најчесто на работа одат пеш. Над една третина од мажите во општина Чаир најчесто користат автомобил, 22 проценти одат пеш, десет проценти со градски автобус и пет проценти со велосипед. Жените во општина Чаир најчесто на работа или училиште одат пеш – 26 проценти, потоа со градски автобус или автомобил – по 22 проценти и само еден процент со велосипед. Над 38 проценти од жените и 20 проценти од мажите во Шуто Оризари најчесто користат градски автобус. Во општина Шуто Оризари 35 проценти од мажите најчесто го користат автомобилот како превозно средство, потоа 20 проценти градски автобус, девет проценти пеш и два проценти со велосипед. За над 38 проценти од жените во Шуто Оризари најчесто превозно средство е градски автобус, 15 проценти со автомобил, а десет проценти пеш. Организираниот превоз го заменува градскиот автобус во Битола, Велес, Кавадарци, Прилеп... Најголем дел од мажите во Куманово најчесто користат автомобил, додека жените најчесто одат пеш. Над две третини од мажите во Куманово најчесто како превозно средство користат автомобил, 19 проценти одат пеш, 10 проценти организиран превоз, а само еден процент велосипед. Над две третини од жените во Куманово најчесто до работа или школо одат пеш, 16 проценти користат автомобил, 12 отсто градски автобус и седум проценти организиран превоз. Во Битола мажите најчесто користат автомобил - 37 проценти, а жените одат пеш – 31 процент. [caption id="attachment_1598119" align="aligncenter" width="750"] Битола[/caption] Во општина Битола мажите најчесто како превозно средство користат автомобил – 37 проценти, 17 проценти организиран превоз, 16 проценти пеш и три проценти најчесто користат велосипед. Најголем дел од жените во Битола – 31 процент најчесто до работа или училиште одат пеш, 16 проценти користат организиран превоз, 15 отсто автомобил и еден процент велосипед. Во Тетово 30 проценти од мажите и 45 проценти од жените најчесто на работа одат пеш. Во Општина Тетово најголем дел од мажите – 39 проценти најчесто како превозно средство користат автомобил, 30 проценти најчесто одат пеш, а девет отсто користат повеќе од едно превозно средство. Околу три проценти возат велосипед. Жените во општина Тетово најчесто до работа или школо одат пеш – 45 проценти, 20 проценти со автомобил како возач, седум проценти со автомобил, но како совозач и четири проценти користат организиран превоз. Во Прилеп над 22 проценти од жените и 14 проценти од мажите најчесто користат организиран превоз. Над две третини од мажите во Прилеп најчесто како превозно средство користат автомобил, 18 проценти најчесто одат пеш, 14 проценти користат организиран превоз, а четири проценти најчесто користат велосипед. Најголем дел од жените во Прилеп на работа или школо најчесто одат пеш – над 30 проценти, 22 проценти користат организиран превоз, 12 проценти користат автомобил, а два проценти најчесто користат велосипед. Во Гостивар над 46 проценти од жените и 31 процент од мажите најчесто на работа одат пеш. Над една третина од мажите во Гостивар најчесто користат автомобил, 31 процент одат пеш и осум проценти користат повеќе од едно превозно средство. Најголем дел од жените во Гостивар – 46 проценти најчесто до работа или училиште одат пеш, 20 проценти користат автомобил, а шест отсто користат повеќе од едно превозно средство. Во Охрид мажите најчесто користат автомобил, а жените одат пеш на работа. Над 41 процент од мажите во Охрид најчесто како превозно средство користат автомобил, 17 отсто одат пеш, седум проценти користат велосипед, а три проценти користат градски автобус. Најголем дел од жените во Охрид најчесто на работа или школо одат пеш – над 32 проценти, автомобил користат 19 проценти, седум проценти користат градски автобус, а пет проценти велосипед. Во Струга мажите најчесто за на работа користат автомобил, жените одат пеш. Над 40 проценти од мажите во Струга најчесто како превозно средство користат автомобил, 21 отсто одат пеш, околу четири проценти користат организиран превоз, три проценти најчесто користат велосипед. Најголем дел од жените во Струга најчесто до работа или школо одат пеш – над 35 проценти, 18 отсто најчесто користат автомобил, седум проценти користат градски автобус, а шест проценти меѓуградски автобус. Само два проценти најчесто користат велосипед. Во Струмица над 43 проценти од жените и 25 проценти од мажите на работа или школо најчесто одат пеш. Најголем дел од мажите во Струмица до работа најчесто одат со автомобил – над 36 проценти, околу 25 отсто одат пеш, а девет проценти користат организиран превоз. Со велосипед најчесто патуваат три проценти. Над 43 проценти од жените во Струмица на работа или училиште најчесто одат пеш, 15 отсто возат автомобил (како возач), 11 проценти како совозач и пет проценти користат организиран превоз. Еден процент најчесто користат велосипед. Во Велес 20 проценти од жените и 14 проценти од мажите најчесто користат организиран превоз. Околу една третина од мажите во Велес најчесто до работа користат автомобил, 22 проценти одат пеш, а 14 отсто користат организиран превоз. Со велосипед најчесто патуваат еден процент. Најголем дел од жените во Велес – 37 проценти најчесто до работа одат пеш, 20 проценти користат организиран превоз, 8 проценти автомобил, пет проценти градски автобус и четири проценти меѓуградски автобус. Жителите на Штип најчесто користат автомобил или одат пеш, велосипед не користи речиси никој. Над 42 проценти од мажите во Штип најчесто како превозно средство користат автомобил, 17 отсто одат пеш, 14 проценти користат организиран превоз. Најголем дел од жените – 25 проценти до работа најчесто одат пеш, 23 отсто користат организиран превоз, а 17 проценти автомобил. Околу седум проценти користат градски автобус. Во Кичево над 45 проценти од мажите и 22 проценти од жените најчесто користат автомобил. Најголем дел од мажите во Кичево – 45 проценти најчесто користат автомобил како превозно средство, 18 проценти одат пеш, девет проценти користат организиран превоз, а само еден процент велосипед. Една третина од жените во Кичево најчесто на работа или школо одат пеш, 22 проценти користат автомобил, а 12 отсто организиран превоз. Во Кавадарци над 38 проценти од жените и 20 проценти од мажите најчесто на работа одат пеш. За најголем дел од мажите во Кавадарци – 37 отсто најчесто превозно средство е автомобилот, 20 отсто одат пеш, а 16 проценти користат организиран превоз. Само еден процент најчесто користат велосипед. Најголем дел од жените во Кавадарци – над 38 проценти најчесто на работа или школо одат пеш, 21 отсто користат организиран превоз, а 12 проценти автомобил. Во Кочани над 27 проценти од жените и 19 проценти од мажите најчесто на работа одат пеш. Најголем дел од мажите во Кочани – над 43 проценти, најчесто како превозно средство користат автомобил, 19 проценти одат пеш, 10 отсто користат организиран превоз, а само еден процент велосипед. Жените во Кочани најчесто до работа или школо одат пеш – 27 проценти, потоа 22 проценти користат организиран превоз, автомобил најчесто користат 15 проценти, а 10 проценти велосипед. Александар Атанасов

Остани поврзан