• среда, 25 декември 2024

Пописот на населението во Индија ќе започне по тригодишно одложување

Пописот на населението во Индија ќе започне по тригодишно одложување

Њу Делхи, 17 септември 2024 (МИА) - Индија наскоро ќе започне со три години одложуваното попишување на населението, соопшти денеска индискиот министер за внатрешни работи, Амит Шах.

Националниот попис, кој се спроведува еднаш на секои десет години, требаше да се изврши во 2021 година, но беше одложен поради пандемијата на Ковид-19, како и поради технички и организациски причини.

Локални медиуми наведуваат дека се очекува Индија да започне со пописот овој месец..

Владата на премиерот Нарендра Моди има намера во текот на третиот мандат да ги пополни значајните празнини во податоците за населението на земјата, поради што долго време беше критикувана.

Новото статистичко истражување ќе трае околу 18 месеци.

Последниот попис во Индија беше одржан во 2011 година и тоа беше 15-ти пат да биде извршена оваа сложена статистичка операција. Попишувањето се одвиваше во две фази, односно попис на имоти и попис на населението. Според пописот од 2011 година, Утар Прадеш беше најнаселената држава во Индија. Според тогашниот попис, во Индија во 2011 година имало 1.210,19 милиони од кои 623,72 милиони (51,54%) мажи и 586,46 милиони (48,46%) жени. ссм/

фото: архива

Остани поврзан