• среда, 25 декември 2024

Пониски продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Пониски продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во октомври годинава се пониски за 0,9 отсто на месечно ниво и за 3,9  отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со септември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во групите Енергија за 0,7 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6, Капитални производи за 0,8  и Нетрајни производи за 1,3 отсто.

Во споредба, пак, со ланскиот октомври, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во групите Енергија за 11,1 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 9,5 и Капитални производи за 6,9 отсто.вј/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан