• вторник, 24 декември 2024

Помпео со изјава за можните закани по безбедноста на екс-амбасадорот на САД во Украина

Помпео со изјава за можните закани по безбедноста на екс-амбасадорот на САД во Украина
Вашингтон, 17 јануари 2020 (МИА) Стејт департментот ќе стори се за да утврди дали имало закани за дипломатскиот персонал, изјави денеска државниот секретар Мајк Помпео по информациите дека поранешната амбасадорка на САД во Украина, Мари Јованович, била тајно следена и надгледувана. Во изјава за една американска радио станица, Помпео истакна дека „ќе направиме се што треба за да оцениме што се случило“. -Се сомневам дека многу од тоа што се соопшти на крајот ќе се покаже за неточно. Но наша, и моја обврска, во својсто на државен секретар, е да спроведенме оценка и истрага. Секојпат кога се тврди дека постои можност за закана кај некој од нашите вработени, ние секако тоа го правиме, изјави Помпео. Според досега објавените документи, Лев Парнас, американски бизнисмен роден во Украина, во својство на асистент на Руди Џулијани, личен адвокат на претседателот Доналд Трамп, помагал во кампања на принуда на раководството на Украина да објави истрага за политички ривал на Трамп. Од некои пораки се дознава дека Јовановиќ наводно била следена и надгледувана од некои лица блиски на репубиканците во Вашингтон. Во изјавата, Помпео додаде дека никогаш досега не разговарал и не се среќавал со Парнас. кб/

Остани поврзан