• сабота, 23 ноември 2024

Помпео се закани со санкции за секоја продажба на оружје за Иран

Помпео се закани со санкции за секоја продажба на оружје за Иран
Вашингтон, 18 октомври 2020 (МИА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека продажбите на оружје за Иран ќе ги прекршат резолуциите на ОН и ќе доведат до санкции. Тоа се случува откако Техеран објави дека завршило долгогодишното ембарго на ОН за трговија на оружје со Иран. - САД се подготвени да го санкционираат секој физички и правен субјект кој значително придонесува за испорака, продажба или трансфер на конвенционално оружје од или до Иран. Секоја земја што се стреми кон мир и стабилност на Блискиот Исток и ја поддржува борбата против тероризмот, мора да се воздржи од каков било договор за вооружување со Иран, се вели во соопштението на Помпео. Техеран, кој сега може да купува оружје од Русија, Кина и од други места, го поздрави крајот на ембаргото како дипломатска победа над својот непријател, САД, кои се обидоа да одржат неодредено замрзнување на продажбата на оружје. Претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор во 2018 година и започна еднострано да воведува санкции против Иран. Помпео нагласи дека „во изминатите 10 години, земјите се воздржуваа од продажба на оружје на Иран под различни мерки на ООН. Секоја земја што сега ќе ја прекрши таа забрана, ќе избере многу јасно поттикнување на конфликтот и заканата по мирот и безбедноста“. гт/

Остани поврзан