Помпео: Северна Кореја воопшто не извршува ракетни тестирања
- Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја минимизираше важноста на заканата од големата интерконтинентална балистичка ракета, која Северна Кореја и ја претстави на јавноста во саботата по
Вашингтон, 14 октомври 2020 (МИА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја минимизираше важноста на заканата од големата интерконтинентална балистичка ракета, која Северна Кореја и ја претстави на јавноста во саботата по повод големата воена парада.
- Треба да се знае дека најважната работа за една земја, која работи на ракетна програма, е да ги тестира овие ракети за да биде сигурна дека тие функционираат, истакна Помпео на прес-конференција во Вашингтон.
- Севернокорејците минатата година не извршија ниту едно тестирање на интерконтинентална балистичка ракета. А тоа важи и за 2018 година, рече државниот секретар на САД.
Тој ја искористи можноста да направи паралела со Кина, главниот стратешки противник на САД, која „лани тестираше повеќе ракети отколку која било друга земја во светот“.
Помпео во неделата изјави дека „жално е што Северна Кореја продолжува да и дава приоритет на својата забранета програма за нуклеарни и балистички ракети“.
Експертите, пак, оценија дека овие ракети претставуваат отворена закана за американскиот систем за противракетна одбрана, но и предизвик за американскиот претседател Доналд Трамп. гт/