• среда, 27 ноември 2024

Помпео: САД ќе обезбедат пет милиони долари за засегнатите од борбите во Карабах

Помпео: САД ќе обезбедат пет милиони долари за засегнатите од борбите во Карабах
Вашингтон, 18 ноември 2020 (МИА) - САД обезбедуваат 5 милиони долари на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и други меѓународни и невладини организации за да им помогнат на луѓето погодени од борбите во Нагорно Карабах, изјави државниот секретар Мајк Помпео, кој е во дводневна работна посета на Грузија. Во соопштението од Амбасадата се вели дека Соединетите Американски Држави го поздравуваат крајот на војната меѓу Ерменија и Азербејџан и ги повикаа сите земји да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право. „Ги повикуваме страните, што е можно поскоро, заедно со копретседавачите на Минската група на ОБСЕ, во согласност со принципите на неупотреба на сила и закана, во согласност со Завршниот акт на Хелсинки, територијалниот интегритет, самоопределување и еднаквост на народите, да се приклучат во процесот на долгорочно и одржливо политичко решение на конфликтот во Нагорно Карабах ...Паралелно со нашето дипломатско учество, САД обезбедуваат хуманитарна помош од 5 милиони американски долари за поддршка на работата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и други партнери меѓународни и невладини организации во помагањето на погодените од борбите“, се вели во соопштението. паг/  

Остани поврзан