• среда, 13 ноември 2024

Помпео негативен на коронавирус

Помпео негативен на коронавирус
Вашингтон, 2 октомври 2020 (МИА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека тој и неговата сопруга се негативни на тестот на коронавирус. Помпео ја даде изјавата откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на вирусот. Поради новонастанатата ситуација Трамп ги откажа предизборните митинзи, а засега не е познато дали ќе се одржи следната дебата на двајцата претседателски кандидата, која е закажана за 15 октомври. гт/

Остани поврзан