• среда, 13 ноември 2024

Помпео: Наскоро Трамп ќе преземе мерки против кинеските компании

Помпео: Наскоро Трамп ќе преземе мерки против кинеските компании
Вашингтон, 2 август 2020 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп набрзо ќе преземе чекори против кинеските софтверски компани кои пренесуваат податоци директно до Владата во Пекинг, изјави денеска американскито државе секретар Мајк Помпео. Тој наведе дека активностите на тие компании претставуваат ризик за американската нациоанлна безбедност. Трамп претходно изјави дека разгледува многу алтернативи за видео-апликацијата ТикТок на кинеската фирма „Бејт денс“. - Го набљудуваме ТикТок. Можеби ќе ја забраниме ТикТок. Можеби ќе направиме и други работи, изјави Трамп. ТикТок е во сопственост на кинеската интернет компанија БејтДенс, чија вредност се проценува на 100 милијарди долари. Њујорк тајмс претходно објави дека компанијата Мајкрософт наводно преговара за купување на ТикТок. ми/

Остани поврзан