• сабота, 21 декември 2024

Помпео: Во Вухан се изведуваат тајни воени експерименти

Помпео: Во Вухан се изведуваат тајни воени експерименти
Вашингтон, 31 мај 2021 (МИА) - Поранешниот директор на ЦИА и поранешен државен секретар на САД, Мајк Помпео изјави дека на Институтот за вирусологија во Вухан се изведуваат тајни воени експерименти и истражувања. Тој додаде дека постојат многу докази дека коронавирусот е создаден во лабораторија. Изјавата на Помпео уследи неколку дека откако американскиот претседател Џо Бајден им нареди на разузнавачите во рок од 90 дена да го утврдат потеклото на Ковид-19. - Со сигурност можам да кажам дека ние знаеме дека луѓе од лабораторијата соработувале со Народно-ослободителната војска. Така што таму имало и воени активности иако тие тврдеа дека станува збор за строго цивилно истражување, истакна Помпео за Фокс њуз. Тој додаде дека Кина одбила да каже на што работи и не и дозволи пристап на Светска здравствена организација. - Лабораторијата за тестирање на вируси е сè уште таму и работи. Најверојатно врши тестирања  што доведоа до протекување на вирусот од лабораторијата. Само Комунистичка партија на Кина го знае одговорот, но целиот свет заслужува одговор и тие треба да ни кажат што се случи, наведе Помпео. Од почетокот на пандемијата Помпео тврди дека вирусот протекол од лабораторијата во Вухан. - Од пролетта 2020 година постојат докази дека вирусот потекнува од лабораторијата. Знаеме дека имало луѓе кои се разболеле таму, научници кои се разболеле, посочи Помпео, додавајќи дека вирусите во лабораториите биле модифицирани да бидат заразни и потенцијално смртоносни и дека актуелната американска администрација мора да го испита тоа. ми/

Тагови

Остани поврзан