• четврток, 19 декември 2024

Помпео бара од Турција Аја Софија да остане музеј

Помпео бара од Турција Аја Софија да остане музеј
Вашингтон, 1 јули 2020 (МИА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја повика денеска Турција да не го менува статусот на истанбулската Аја Софија и да овозможи да остане музеј. Во соопштение објавено еден ден пред донесување на судската одлука, која може да го отвори патот за барањата Аја Софија повторно да се претвори во џамија, Помпео ја пофали турската Влада за одржување на зградата „на извонреден начин“ како музеј, но предупреди дека менувањето на статусот може да го загрози нејзиното наследство. - Ја повикуваме турската Влада да продолжи да ја одржува Аја Софија како музеј, како пример за нејзината посветеност за почитување на верските традиции и разновидната историја, што придонесе за Република Турција, и да обезбеди таа да остане достапна за сите, порача Помпео. Заменик-претседателот на партијата на Ердоган, Правда и развој, Нуман Куртулмус, тврди дека тоа е прашање од национален суверенитет. - Не ни треба ничиј совет, ниту препораки за нашите работи, рече Куртулмус. јт/

Остани поврзан