• среда, 25 декември 2024

Помошникот на Клоп одбил да го преземе Ливерпул

Помошникот на Клоп одбил да го преземе Ливерпул

Ливерпул, 24 мај 2024 (МИА) - Помошникот на Јирген Клоп во Ливерпул, Пеп Линдерс, даде интересно признание, велејќи дека изминатите неколку сезони ја одбивал понудата да го наследи Германецот на менаџерската функција на „црвените“.

Впрочем, и Линдерс пред неколку дена го напушти Ливерпул и си тргна по својот пат. Холанѓанецот беше назначен за главен тренер на австриски РБ Салцбург.

-Јирген донесе одлука да си замине и јас бев многу свесен дека е вистинското време да тргнам по својот пат. Во последните три години реков не на многу клубови. Причината поради која останав секој пат беше мојата лојалност кон Јирген и ФСГ (сопствениците на Ливерпул). Навистина сакав да заминам и да покажам што можам, призна Линдерс.

Запрашан дали некогаш бил кандидат за местото на Јирген Клоп во Ливерпул, Линдерс рече: „Јирген тоа ме праша неколку пати во последните години. Тој ме праша еднаш минатата сезона и двапати оваа кампања, но мојот одговор секогаш беше не. Првата причина е фактот што мислам дека тоа беше „наш“ проект. Јирген го водеше и навистина мислев дека треба да го завршиме заедно. Второ, јас сум во Ливерпул скоро десет години. Подготвен сум за нов предизвик. Дадов се за овие фудбалери овде. Мислам и дека ако останам тука, тимот ќе продолжи на ист начин“. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан