• среда, 13 ноември 2024

Поморскиот сообраќај низ Суецкиот канал намален за 39 отсто по нападот на Хутите

Поморскиот сообраќај низ Суецкиот канал намален за 39 отсто по нападот на Хутите

Женева, 26 јануари 2024 (МИА) - Поморскиот товарен сообраќај низ Суецкиот канал е намален за 39 отсто во последните два месеца, а обемот на транспортираниот товар за 45 отсто откако транспортот беше пренасочен поради нападите на јеменските бунтовници Хути врз трговските бродови во Црвеното Море.

Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) соопшти дека во неделата од 12 до 19 јануари преку Суецкиот канал бил превезен 82 отсто помалку товар во споредба со почетокот на декември.

УНКТАД, кој ги поддржува земјите во развој во глобалната трговија, предупреди дека товарните бродови на долги релации ризикуваат да ја зголемат инфлацијата, несигурноста на храната и зголемените емисии на стакленички гасови.

Шефот за трговска логистика на УНКТАД, Јан Хофман, во четвртокот рече дека ефектите од повисоките трошоци за транспорт на стоки ќе се видат во цените на продавниците за околу една година.

Хофман истакна дека сега се нарушени три клучни глобални трговски патишта, вклучително и транспортот на жито и нафта поради руската инвазија на Украина, Панамскиот канал поради сушата и инвазијата на Хутите. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан