• среда, 08 јануари 2025

Помен за тројцата загинати полицајци во Арачиново

Помен за тројцата загинати полицајци во Арачиново
Скопје, 11 јануари 2022 (МИА) - Пред споменикот на тројцата загинати полицајци во Арачиново, во Полициска Станица Гази Баба, денеска во 11 часот ќе се оддаде почит по повод 22 години од нивното загинување. Во 2000 година при акција за пронаоѓање на украдени автомобили, околу 22 часот на 11 јануари на влезот во село Арачиново беа убиени тројцата полицајци Кирил Петрушевски (22), Александар Ангеловски (27) и Ерол Готак (28). За ова дело обвинети беа и им се судеше на Лирим Динарица, Рамиз Асани, Муча Бајрами, Башким Асани, Агим Асани, Наим Асани и Емрула Емрула за кои Основниот Кривичниот суд - Скопје во 2018 година донесе ослободителна пресуда. ар/лв/  

Остани поврзан