• среда, 08 јануари 2025

Помен за борците на ДАГ во Катлановска Бања

Помен за борците на ДАГ во Катлановска Бања
Скопје, 26 август 2022 (МИА) - Пред споменикот во Катлановска бања денеска ќе се одржи помен за починатите и ранетите борци, Македонци и Грци, на Демократската армија на Грција (ДАГ). Традиционално ќе се одржи панихида и ќе биде положено цвеќе на Споменикот на ранетите и починатите борци на ДАГ во Граѓанската војна во Грција (1946-1949), лекувани во Болницата во Катлановска бања 1947-1948 година. Панихидата ќе ја отслужат свештеници на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија со благослов на неговото блаженство архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан. Со поменот пред Споменикот во Катлановска бања се одбележуваат 73 години од крајот на Граѓанската војна во Грција и бомбардирањето со напалм бомби на Грамос и Вичо. Настанот е организиран од страна на Сојузот на здруженија на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија. свс/сп/

Остани поврзан