• недела, 28 јули 2024

Помал интерес за поставување тезги на неготинскиот панаѓур

Помал интерес за поставување тезги на неготинскиот панаѓур
Неготино, 19 септември 2022 (МИА) - Помал е интересот за поставување тезги на неготинскиот панаѓур, во споредба со состојбата од пред две години. Ова денеска го потврдија за МИА од локалната самоуправа во Неготино.
-Неготинскиот панаѓур традиционално со десетици години наназад, се организира на 21, 22 и 23 септември. Изминатите две години немаше панаѓур, поради пандемијата од коронавирус. Токму Ковид-19, мислиме дека е причината за помалиот интерес за поставување тезги оваа година, рекоа од Општината.
На стопанско-туристичката  манифестација, вообичаено има голем број посетители од тиквешкиот регион и пошироко. И годинава имало интерес за продажба на облека, обувки, предмети за во домаќинство, разни алати и слично.свд/

Остани поврзан