• среда, 25 декември 2024

Помалите штипски пекари ја намалија цената на лебот и до пет денари

Помалите штипски пекари ја намалија цената на лебот и до пет денари

Штип, 1 март 2023 (МИА) - Намалена е цената на лебот во одредени штипски пекари, откако Владата и официјално ја замрзна цената на 33 денари.

Николче Малинов, сопственик на пекарата „Штипски сокак“, вели дека одредени пекари ја имаат  намалено цената на лебот за пет денари, а рафтовите на пекарите не се празни.

-Ние го намаливме лебот и од денеска се продава по цена од 30 денари и леб ќе има. Ние не се приклучуваме кон заканите. Леб ќе има, вели Малинов.

Леб и пецива има и во останатите пекари во Штип, како и во супермаркетите. Мерката на Владата за замрзнување на цената на лебот на максимални 33 денари ќе важи до крајот на мај. вдј/ев/

Фото: МИА 

Остани поврзан