• сабота, 27 јули 2024

Пол Џорџ најверојатно ќе ја пропушти серијата со Феникс

Пол Џорџ најверојатно ќе ја пропушти серијата со Феникс

Лос Анџелес, 17 април 2023 (МИА) - Ѕвездата на Лос Анџелес клиперс, Пол Џорџ, веројатно нема да му помогне на својот тим во серијата од првото коло на НБА-плејофот против Феникс. Ова го објави инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски.

 

Џорџ продолжува да минува низ процесот на закрепнување, но тимот не смета на помошта од играчот во серијата со Санс.

 

- Се чувствувам подобро. Работам напорно секој ден. Тренирам шест дена во неделата и одам на рехабилитација. Ќе ја искористам секоја шанса. Сè ќе биде решено во последен момент, рече Џорџ неодамна на својот поткаст.

 

Напаѓачот е надвор од натпреварите од 21 март кога ги истегна лигаментите на коленото на натпреварот против Оклахома.

 

Претходно, друг угледен инсајдер, Шамс Чаранија, објави дека играчот постигнал значителен напредок во закрепнувањето и може да учествува во серијата со Феникс. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан