• недела, 24 ноември 2024

Пол Џорџ: Моја должност е да им донесам трофеј на Клиперс

Пол Џорџ: Моја должност е да им донесам трофеј на Клиперс
Лос Анџелес, 11 декември 2020 (МИА) – Кошаркарот на Клиперс, Пол Џорџ изјави дека е посветен да му ја донесе титулата на клубот од Лос Анџелес. Џорџ имаше лош учинок во плејофот во 2020 година. Во вонсезоната, клубот му понуди на играчот максимално продолжување на договорот до 2025 година. -Моја должност е да им донесам трофеј на Клиперс. Ќе направам максимални напори да ја остварам оваа цел. Бев сигурен во себе каде сакав да бидам. Сакам да сум тука. Го сакам семејството што го создадов во првата година. Ова е местото каде што сакам да ја поминувам кариерата. Тука е моето наследство и каде што сакам да оставам највидлив белег, рече Џорџ. Триесетгодишниот Џорџ, претходно има настапувано уште во други два НБА-лигаши, Оклахома сити и Индијана пејсерс. зс/

Остани поврзан