• четврток, 26 декември 2024

Пол Џорџ: МВП треба да игра помеѓу 75 и 82 натпревари по сезона

Пол Џорџ: МВП треба да игра помеѓу 75 и 82 натпревари по сезона

Лос Анџелес, 22 февруари 2023 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Пол Џорџ, смета дека играчот мора да одигра најмалку 75 натпревари во регуларниот дел од НБА-сезоната за да биде кандидат за МВП (најкорисен играч).

- Треба да играме од 75 до 82 натпревари по сезона. Тогаш ќе ви биде јасно колку долго можете да го одржите вашето ниво. За да останете стабилни цела сезона, треба да имате среќа да ве избиегнат повреди и да бидете на теренот речиси на секој натпревар, изјави Џорџ.

Последен пат Џорџ помина повеќе од 75 натпревари во сезоната 2018/19, кога настапуваше за Оклахома. Во тековниот шампионат настапи на 44 од 61 средба. зс

Фото: ЕПА

Тагови

Остани поврзан