• сабота, 23 ноември 2024

Пол Рад укажа дека не треба да се заборава на учтивоста и човечноста

Пол Рад укажа дека не треба да се заборава на учтивоста и човечноста

Денвер, 12 јули 2022 (МИА) - Освен што е суперхерој во филмовите за „Човекот-мравка“ (Ant-Man), Пол Рад докажа дека е херој и во вистинскиот живот.

Имено, тој неодамна се обратил до Броди Ридер, 12-годишно момче од Колорадо кое доживеало врсничко тормозење во своето училиште. Неговата мајка, пак, Касандра Ридер го достигнала врвот на своето разочарување кога Броди го донел дома својот спомен-годишник потпишан само од двајца учители и двајца ученици. „Се надевам, ќе стекнеш уште неколку пријатели“, си напишал Броди во доста потресната белешка до себеси. Тоа ја поттикна неговата мајка да ѝ одржи лекција „по учтивост“ и човечност, на својата заедница. Првиот чекор бил - на Фејсбук-страницата за родителска комуникација... „Мојот кутар син. Се чини, не оди на подобро. (Двајца, б.п.) 2 учители и вкупно 2 ученици напишале нешто во неговиот спомен-годишник. И покрај тоа што Броди барал од сите и разни деца да го потпишат... Затоа, Броди морал сам да си напише нешто. Моето срце е скршено... Научете ги вашите деца на добрина“, напиша мајката на својот интернет-простор. Објавата се покажала моќна, па се проширила и вон нивното предградие во Денвер, па стигна и до Рад, кој е познат по тоа што им помага на децата на кои им е потребна помош. Глумецот, меѓу другото, е организатор на хуманитарен настан со ѕвезди и познати личности, којшто прибира средства за детски здравствени организации. Откако ја прочитал приказната за Броди, Рад дознал и дека е обожавател на „Марвел“, па остварил и чет-преписка на „Фејстајм“ со детето. Следела и лична порака од холивудската ѕвезда, каде се вели: „Важно е да се запомни дека дури и кога животот е тежок, работите стануваат подобри. Има толку многу луѓе кои те сакаат и мислат дека си најкул дете на светот - јас сум еден од нив!" Броди, инаку, си доби и подарок - шлем потпишан од „Човекот-мравка“ којшто сега стои гордо изложен во детската соба.  си/

Остани поврзан