• сабота, 23 ноември 2024

Полуфиналниот бараж за ЕУРО 2024 меѓу Израел и Исланд во Будимпешта

Полуфиналниот бараж за ЕУРО 2024 меѓу Израел и Исланд во Будимпешта

 

Нион, 31 јануари 2024 (МИА) – Фудбалската репрезентација на Израел ќе игра како домаќин во Будимпешта против Исланд во полуфиналниот бараж за пласман на Европското првенство во Германија, објави вечерва УЕФА.

Натпреварот кој е преместен на неутрален терен од безбедносни причини поради војната меѓу Израел и Хамас, ќе се игра на 21 март на стадионот „Суса Ференц“ со капацитет од 13.500 седишта.

Израел во ноември одигра два натпревари во Будимпешта како домаќин во групната фаза во евроквалификациите.

Победникот од дуелот меѓу Израел и Исланд ќе се пласира во финалето на баражот во кое за противник ќе го има поуспешниот од пресметката меѓу Босна и Херцеговина и Украина.

Во случај Украина да победи, финалниот бараж, исто така, ќе се игра на неутрален терен во полски Вроцлав. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан