• среда, 25 декември 2024

„Полстар“ го најавува својот следен електромобил

„Полстар“ го најавува својот следен електромобил
Стокхолм, 15 јуни 2022 (МИА) - Сериското издание на електромобилот на шведската автомобилска компанија „Полстар“, коешто е слично на еквивалентните концепти на „Тесла“, „Порше“ и „Ауди“ нема да се најде пред јавноста пред 2024 година, соопштија оттаму. Меѓу моделите што ќе можат првпат да се видат на претстојниот Фестивал на брзината во Гудвуд ќе биде и прототипот „Полстар 5“ на електричен погон, кој ќе биде подготвен за производство во 2024 година. Одговорот на „Полстар“ на „Тесла С“, „Порше таyкан“ и „Ауди Е-трон ГТ“ во голема мера се заснова на претходно претставениот концептен модел „Прецепт“. Компанијата потврди дека сериската верзија на „петката“ чијшто погон останува во тајност, нема многу да се разликува од прототипот. Покрај прототипот на електричен погон, шведската компанија на Фестивалот за брзина ќе го изложи и неодамна претставениот „Полстар 2 БСТ едишн 270“, чии електромотори произведуваат 476 коњски сили и 680 њутн-метри во вртежи.  си/

Остани поврзан