• среда, 18 декември 2024

Полски земјоделци почнаа штрајк со глад поради Зелениот договор на ЕУ

Полски земјоделци почнаа штрајк со глад поради Зелениот договор на ЕУ

Варшава, 13 мај 2024 (МИА) – Неколку полски земјоделци почнаа штрајк со глад поради еколошките прописи на Европската унија, кои според нив ќе ги остават без работа.

Земјоделците во Полска и на други места во ЕУ во последните месеци протестираа против увозот на евтина храна од Украина и ограничувањата што им беа наметнати со Зелениот договор на ЕУ за борба против климатските промени.

Група од 14 земјоделци го окупираа полскиот парламент во четвртокот, а денеска петмината кои останаа таму најавија дека нема да земаат храна додека не им се обезбеди средба со полскиот премиер Доналд Туск. јт/

Фото: ЕПА архива (Протест на земјоделците против „Зелениот договор“ на ЕУ во Варшава на 10 мај 2024)

Остани поврзан