• сабота, 16 ноември 2024

Полскиот претседател повика на укинување на Северен поток 2

Полскиот претседател повика на укинување на Северен поток 2
Киев, 23 август 2022 (МИА) - Полскиот претседател Анджеј Дуда за време на посетата на Киев повика на укинување на балтичкиот гасовод „Северен поток 2“, кој ги поврзува Русија и Германија. „Не може да има враќање во нормала во односите со Москва“, рече Дуда денеска на самитот на Кримската платформа. Според него, „потребна е нова политика која ќе го отстрани Северен поток 2“, јави полската новинска агенција ПАП. Полска и другите источни членки на ЕУ долго го критикуваа руско-германскиот проект, посочувајќи дека тој му дава дополнително влијание на Кремљ во Европа во време кога енергетската безбедност на ЕУ е доведена во прашање. Во февруари германската Влада одби да го пушти во промет гасоводот поради руската инвазија на Украина. паг/

Остани поврзан