• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Полска уапси Украинка осудена за продажба на 56 бубрези

Полска уапси Украинка осудена за продажба на 56 бубрези

Варшава, 11 март 2025 (МИА) - Полските граничари уапсија Украинка која беше осудена на 12 години затвор во Казахстан за учество во организирана криминална група која се занимавала со трговија со човечки органи и продажба на 56 бубрези, соопшти денеска обвинителството.

- Жената, идентификувана како Ксенија П., е уапсена на железнички премин меѓу Полска и Украина врз основа на налог за апсење на Интерпол, изјави портпаролката на полското обвинителство Марта Петковска.

Обвинителството не наведе причина зошто жената не била во затвор во Казахстан за време на апсењето, ниту кога била осудена. рп/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан