• четврток, 26 декември 2024

Полска се откажува од барањето за воени репарации од Германија

Полска се откажува од барањето за воени репарации од Германија

Варшава, 24 октомври 2024 (МИА) - Во 2022 година, Полска побара воени репарации од Германија како компензација за нацистичката окупација за време на Втората светска војна, кои беа проценети на 6,2 милијарди полски злоти, односно 1,5 милијарди евра.

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, потврди дека Полска веќе не бара финансиска отштета од Германија, туку фокусот сега е на симболичното признавање на моралната одговорност. Сикорски предложи Германија да се погрижи за преживеаните од војната и предложи изградба на споменик во Берлин во чест на жртвите.

- Варшава и Берлин сега се сојузници, особено во одвраќањето на заканата која ја гледаат во Русија, изјави Сикорски. ссм/

фото: архива

Остани поврзан