• среда, 25 декември 2024

Полска против исклучувањето на Унгарија од Шенген поради визите за Русите и Белорусите

Полска против исклучувањето на Унгарија од Шенген поради визите за Русите и Белорусите

Варшава, 9 август 2024 (МИА) - Полскиот премиер Доналд Туск денеска во Варшава повика на воздржаност и претпазливост во можните мерки против Унгарија во однос на доделувањето визи за Русите и Белорусите и предупреди дека исклучувањето на таа земја од Шенген зоната ќе биде увертира за исфрлање од ЕУ и потсети дека премиерот Виктор Орбан еден ден ќе си замине.

-Секогаш во такви ситуации велам: слушајте, Орбан беше, Орбан е и можеби ќе биде уште некое време, но ќе помине. Како и сите политичари, јас не ја користам оваа животна мудрост само кога станува збор за Виктор Орбан. Не исклучувам дека Унгарија побрзо отколку што се надеваме ќе се врати на патот на целосна демократија, транспарентност и западен вредносен систем, би сакал да не ги туркаме Унгарците, рече Туск на прес-конференцијата.

Олеснувањето за издавање визи за граѓаните на Русија и Белорусија, кое го воведе Унгарија во несогласување со политиката на Брисел, според полскиот премиер, на прв поглед е кршење на европското законодавство и влијае на безбедноста на Шенген зоната, пренесе Бета.

Тој предупреди и дека Унгарија не е единствената земја која лесно им издава визи на граѓаните на тие земји.

-Треба многу прецизно да се анализираат сите правни аспекти на таа одлука. Но, исклучувањето од Шенген зоната е всушност увертира за исклучување од ЕУ, рече Туск.

Полскиот премиер истакна дека може да мисли што сака за Орбан, но дека Унгарците се пријатели.

-Во различни земји, луѓето гласаат поинаку. Понекогаш не како што би сакале. И во Полска, исто така. Не сум ентузијаст за изборните резултати долги години, но секој во Европа кој би предложил Полска да не биде членка. на ЕУ, веднаш плеснав со прсти, изјави полскиот премиер.

Доналд Туск апелираше до ЕУ и нејзините членки да бидат трпеливи со Унгарците.

„Би сакал Унгарците да бидат во ЕУ со целото мое срце. А овој критичен момент со Виктор Орбан во главната улога можеби е подобро да се издржи, рече Доналд Туск. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан