• сабота, 09 ноември 2024

Полска планира да го зголеми производството на муниција

Полска планира да го зголеми производството на муниција

Варшава, 4 септември 2024 (МИА) - Полска сака да го зголеми производството на артилериски гранати од 155 милиметри со надеж дека ќе обезбеди доволно снабдување доколку Русија го нападне НАТО, изјави висок полски функционер.

Некои претставници на НАТО велат дека Кремљ можеби е подготвен да ги нападне земјите на НАТО за пет до осум години од сега, кога Москва ќе ги обнови своите сили по војната во Украина. Москва редовно ги отфрла западните сугестии дека можеби размислува за напад врз НАТО.

„Нашата амбиција е во рок од пет до осум години да можеме да ги наполниме полските складишта паралелно со постигнување целосен, независен капацитет за производство на муниција во Полска“, изјави Мачеј Иџик, член на одборот на државната полска групација за вооружување.

Побарувачката за артилериски гранати од 155 милиметри нагло се зголеми по инвазијата на Украина во февруари 2022 година. Залихите на сојузниците за нивната одбрана се потрошија, бидејќи тие итно испратија гранати во Киев.

Како и многу нејзини сојузници, Полска испрати дел од сопствените резерви од гранати од 155 мм во Украина.

Иџик рече дека на полската групација за вооружување и требаат уште 24 месеци за да започне со производство на сите потребни делови и има за цел да може да произведува околу 100.000 парчиња годишно. рп/

Фото: ЕПА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан